Општи услови за сервисирање

FIXIO е авторизиран сервисен центар за поправка на одредени брендови и соодветни нивни категории на производи. Ја вршиме својата дејсност во согласност со законите на Република Северна Македонија и условите на секој од Производителите.

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ

• Сервисирањето на уреди се врши од Сервисен центар ФИКСИО на адреса ул. Борис Трајковски 36, Скопје 1000. Секој уред кој подлежи на поправка се доставува и подигнува лично од корисникот. Во зависност од уредот, истиот може да биде испратен со курир или да се договори посета од сервисер (најчесто во случаите кога уредите/опремата е монтирана и нејзиното транспортирање е отежнето). Во случаите на испраќање на уред преку курир, трошоците за транспорт се за сметка на Корисникот. Во случај на посета од страна на сервисер, се наплаќаат патни трошоци за извршената посета.

• Секој уред се прима за сервисирање по визуелна проверка со која се утврдуваат првичните проблеми во исправноста на уредот. Овој преглед не е доволен за точна и детална диагностика и утврдување на техничката состојба на уредот. Детален преглед и диагностика се врши по приемот на уредот од професионално стручно лице со што е возможно да бидат пронајдени оштетувања кои не се видливи и утврдени при првичниот прием на уредот. Тоа може да доводе до заклучок за статусот на уредот, кој е различен од начелниот визуелен преглед извршен при приемот, како и до отказ на гаранциско опслужување.

• При предавање на уред за сервисирање, секој Корисник добива документ за прием во сервис, кој содржи уникатен број за идентификација, доставени од Корисникот податоци за контакт, опис и информации од Корисникот на јавениот проблем во работењето/дефект на уредот.

• Архивирањето на податоци кои се наоѓаат во уредот е одговорност на Корисникот. За време на сервисирањето е возможно да се избришат (делумно или целосно) податоци од уредот. Сервисниот центар Фиксио не носи одговорност за податоците кои се наоѓаат на уредот, ниту за нивното зачувување или архивирање.

• Сервисниот центар не носи одговорност за пропратни производи/аксесоари кои не се дел од уредот, оставен за сервисирање (како што се зашитни фолиа, стакла, футроли и др.).

• Со потпишувањето на документот за прием на уред за сервисирање, Корисникот се согласува дека уредот е доставен со траги од употреба и дека секоја неисправност, скриен дефект, внатрешна повреда, траги од неправилна употреба или неавторизирани модификации кои може да се утврдат за време на дијагностиката се настанати пред предавањето на уредот во сервисот.

• Со потпишувањето на документот за прием во сервис Корисникот се согласува и ги прифаќа сите наведени Општи услови за сервисирање.

• Со потпишување на документот за прием во сервис Корисникот ја презема одговорноста за инсталираниот софтвер во уредот. Доколку дојде до несакани последици т.е. до одземање на уредот (заради нелегален софтвер) од страна на надлежни органи, нашата компанија не презема одговорност за истото. За понатамошната постапка корисникот е должен да се обрати до надлежните институции.

• Статусот на поправка на секој уред може да биде проследен онлајн на нашата веб страница fixio.mk

Дополнителни услови за сервисирање на уреди под гаранција

Поправка на уред под гаранција се врши само со доставување на оригинал или копија од документ за плаќање (фискална сметка/фактура), гаранциска карта и податоци од Корисникот како што се опис на проблемот и податоци за контакт со Корисникот.

Гаранциско опслужување на уред се врши во согласност со Законските распоредби на Република Северна Македонија и со гаранциските услови на соодветниот производител.

Дијагностиката и отстранувањето на неисправност која се покрива од гаранцијата на уредот е бесплатна.

Во одредени случаи е возможно уредот да биде заменет со нов. Заменетите делови или уред остануваат во сопственост на Производителот и се праќаат до него.

Рокот за исполнување на сервисна услуга за уреди под гаранција е 30 дена од датумот на прием во сервис, согласно законот на Република Северна Македонија

Диагностика и отстранување на хардверни дефекти при уреди под гаранција, кај кои се утврди дека се причинети од нивната неправилна употреба или на друг начин ги нарушуваат гаранциските услови, не се покрива од гаранцијата и се плаќа од Корисникот. Гаранцијата на уредот може да биде откажана доколку се утврди следно:

1. Оштетувања настанати од неправилна употреба во тоа: следи од механичко оштетување, удар, испуштање, температурно влијание, излагање на прашина, течности, влажност, храна, пијалоци и други фактори надвор од дозволените, прифатливи граници за нормална употреба или при употреба на уредот на начин, кој е различен од порепорачаниот во Упатството за употреба на уредот.

2. Поправка која е извршена од неавторизиран сервис или неавторизирано лице.

3. Употреба на уредот со напојување или аксесоари кои не се одобрени Производителот. Оштетувања настанати при неисправности во електричната мрежа/варијација на напонот на електричната мрежа, удари од гром и пропратни појави, виша сила или елементарни непогоди.

4. Дефект натанат во резултат от дополнително инсталиран или нелиценциран софтвер, како и модификација на постоечки софтвер.

5. Уред чии сериски број е сменет, преправен или избришан.

6. Други услови, вклучени во гаранцијата на соодветниот Производител.

При отказ на гаранциско опслужување на Корисникот се доставува ценовна понуда за извршување на вонгаранциско сервисирање со рок на важност до 14 дена која Корисникот има право да ја прифати или одбие.

Детални гарантни услови се доставуваат со купувањето на секој Уред. Ве молиме да се запознаете со нив пред да го донесете соодветниот Уред на сервисирање.