FIXIO е авторизиран сервис за поправка на следните производи:
Motorola смартфони
Dell (Consumer and Business Client parts) - десктопи, лаптопи, монитори, аксесоари
Dell (Enterprise and storage parts) - Power Edge Server, Storage, Data Domain, Networking, Azure Stack Hub, Power Store, Power Scale, VxRail, Modular Infrastructure, Unity
Acronis - Tier 1 ниво на поддршка за софтверски лиценци за бекап и заштита на физичка и виртуелна околина
NJOY UPS и напојувања
Што е авторизиран сервис?
Авторизиран сервис е сервис кој е сертифициран и одобрен од страна на компанијата производител за извршувње на поправки и сервисирање на еден или повеќе брандови/серии уреди на производителот.
Авторизираниот сервис има договор за сервисирање, потпишан со производителот или со неговиот официјален увозник, со одобрување од страна на производителот.
Авторизираниот сервис ги исполнува сите барања на производителот за квалитет на услугите, употребува официјални резервни делови, ги има поминато сите обуки и процеси на оценување од страна на производителот кои го гарантираат потребното знаење и искуство при работење со уредите на производителот.
Зошто да одберете авторизиран сервис?
Гарантиран квалитет од страна на производителот Авторизираниот сервис ви гарантира квалитет и стручност кои се резултат од строгото следење на правилата и процедурите на работење, наметнати од производителот.
Сервисниот центар FIXIO е под континуиран мониторинг и контрола од страна на сите производители со кои имаме склучено договор за авторизација.
Техничките лица кои се одговорни за сервисирање на одредените уреди, подлежат на постојани обуки, едукација и проверка на нивното знаење од страна на производителот, со цел секогаш да бидат запознаени со работењето на уредите, сите новитети и правила на работа и поправка кои гарантираат на корисниците квалитетно и навремено сервисирање.
Почитување поволностите на гаранцијата Сервисирањето на уред под гаранција во авторизиран сервисен центар им гарантира на корисниците почитување и задржување на сите поволности кои ги обезбедува производителот во доставениот гарантен рок.
Во исто време, според гарантните услови на производителот, поправката и сервисирањето на уред кој е под гаранција, во неавторизиран сервис или од неавторизирано лице води до отказ на гарантното сервисирање (бесплатна поправка).
Оригинални резервни делови Авторизираниот сервис работи со оригинални резервни делови, доставени или купени од производителот на уредите за чие сервисирање имаме потпишан договор за авторизација.
Оригинални делови се обезбедуваат само и единствено на сервисен центар кој е авторизиран за поправка на соодветниот уред.