Услови за користење

Ве молиме, прочитајте ги овие Услови за користење пред да ја употребувате оваа Веб-страница. Со самото употребување на Веб-страницата потврдувате дека се согласувате со одредбите на овие Услови за користење. Ве молиме да не ја употребувате Веб-страницата доколку не ги прифаќате овие Услови за користење.

1. Употреба на Веб-страницата

FIXIO.MK дава право за користење, репродуцирање и преземање информации и содржини од оваа Веб-страница само за лична и некомерцијална употреба. Забрането е изменување и репродукција на содржината на оваа Веб-страница, како и нејзина употреба и/или дистрибуција за какви било јавни или комерцијални цели, без изрична согласност на FIXIO.MK.

2. Обесштетување

Информациите на оваа Веб-страница се претставени како такви без никакви гаранции во однос на достапноста, соодветност за одредена цел или ненарушување на правата на интелектуална сопственост. Обврските на FIXIO.MK во однос на услугите што ги нуди се утврдуваат единствено со договорите според кои тие се обезбедуваат или нудат и ништо на оваа Веб-страница не може да се толкува како амандман на таквите договори. FIXIO.MK не дава гаранции во врска со точноста и комплетноста на содржината, материјалите, софтверот или услугите на оваа страница. FIXIO.MK може во секое време, без претходна најава, да изврши промени во содржината, функционалноста или услугите на оваа Веб-страница или на производите, цените и достапноста објавени на неа.

3. Проследување на поправка

Овие Услови за користење ги утврдуваат правилата за употреба на оваа Веб-страница и сите нарачки и спогодби направени помеѓу FIXIO.MK и договорната страна, во натамошниот текст „Клиент“.

3.1. При доставување на уред за поправка во сервисниот центар Фиксио, секој клиент доброволно предоставува податоци како што се: Име, Презиме, Телефонски број, имејл адреса, а со самото доставување на истите, клиентот се согласува тие да се употребуваат со следните цели:

- стапување во контакт со клиентот со цел да биде информиран за статусот на поправка на неговиот уред;

- обезбедување на пристап до страната https://fixio.mk/gk.php каде што секој Клиент може самостојно да го следи статусот на поправка на неговиот уред;

- добивање на обратна врска од страна на Клиентот;

- маркетинг активности, кои имаат за цел да ги информираат корисниците за нови услуги, промоции и активности;

FIXIO.MK се ангажира да води најдобра можна грижа при најавувањето и безбедноста на податоците на оваа Веб-страница, но секогаш постои можност некој да добие пристап до овие информации без дозвола. Со влегување во страницата за следење на поправка на оваа Веб-страницата и користење на истата, вие потврдувате дека одговорно ќе се грижите за своите податоци за пристап, дека нема да ги споделувате со трети лица и дека ја ослободувате FIXIO.MK од каква било одговорност за штети настанати како резултат на истекување на информации објавувани на оваа Веб-страница.

4. Ограничување на одговорноста

FIXIO.MK или други трети страни спомнати на оваа Веб-страница во никој случај нема да бидат одговорни за каква било штета (вклучително, без ограничување, штети што произлегуваат од загуба на профит, загуба на податоци или прекинување на работењето) поради употреба, неможност за употреба на или резултати од употребата на оваа Веб-страница, без оглед на каква било гаранција, договор, погрешно однесување или друга причина и без оглед дали тие биле свесни за можна појава на таква штета. Доколку користењето на содржината или услугите на оваа Веб-страница резултира во потреба за одржување, поправка на опрема или корекција на податоци, трошоците поврзани со тоа се на Ваш товар.

5. Информации од корисниците

Сите материјали, информации или други комуникации („Комуникации“) што ги доставувате или објавувате на оваа Веб-страница не се сметаат за доверливи или заштитени со патент. FIXIO.MK нема никакви обврски во врска со оваа Комуникација. FIXIO.MK и лицата назначени од FIXIO.MK имаат право да ги користат Комуникацијата и сите информации во нивните секојдневни деловни процеси.

6. Промена на Условите за користење

Овие Услови за користење може да се менуваат во секое време од страна на FIXIO.MK со објавување на новата, изменета верзија на видливо место на Веб-страницата. Доколку не се согласувате со промените, треба веднаш да престанете да ја користите Веб-страницата. Употребувањето на Веб-страницата по извршените измени значи дека се согласувате со направените измени.