Како да го продолжите животниот век на вашите електронски уреди?
5 совети за добра грижа!

Соодветната грижа за вашата електронска опрема подразбира редовно чистење на вашите уреди, користење на заштита од пренапони и соодветни кабли за да се избегнат било какви ризици од оштетување, пожар или слично. Добрата грижа ќе ги одржува вашите уреди во врвна работна состојба и ќе го продолжи нивниот животен век, овозможувајќи одлично работење долго по првото купување.

1. Прашината и електронската опрема не одат заедно

Голем дел од уредите се особено подложни на прашина. Затнувањето со прашина на краток рок влијае на квалитетот на сликата и звукот, но доколку честичките се пробијат до внатрешните делови на уредот може да влијае на целокупната функционалност. За отстранување на прашината најдобра опција е да се користи микрофибер крпа, со нежно прскање на воздух, никако вода или комерцијални спрејови за прашина.

2. Претпазливо честете ги екраните

Редовното чистење на екранот е задолжително, со цел да се спречи појава на дамки и оштетувања. Чистењето на екранот во никој случај не треба да се прави со користење на обични средства за чистење на стакло или површини. Повеќето производители нудат специјални раствори за чистење на екран направени со средства кои се дизајнирани да бидат неабразивни.

3. Позиционирајте ги вашите уреди на безбедни локации

Од особена важност е да најдете соодветно место за поставување на уредите во вашиот дом или канцеларија и притоа треба да внимавате на неколку работи. Електронската опрема не треба да биде директно изложена за сончева светлина. Притоа треба да биде поставена подалеку од извори на топлина или студ, отвори за воздух или грејни рамки. Се разбира храната и пијалоците исто така треба да се држат подалеку.

4. Внимавајте на процесите на греење и ладење на опремата

Чувајте ги вашите уреди на рамни површини каде што има многу вентилација и нивните системи за заштита од прегревање може соодветно да работат. Користењето на вашата електроника на ќебе, килим или пак на кревет може да ја попречи нивната способност за ефективно ладење, што може да предизвика механички проблеми подоцна.

5. Заштитете ја вашата опрема од пренапони

Поставувањето на заштита од пренапони е исто така многу важно. Заштитникот од пренапони го спречува протокот на електрична енергија од штекерот во уредот. Во случај на прекин на струја или удар на гром, заштитникот го апсорбира ударот оставајќи ја вашата опрема неповредена.

А доколку сепак вашиот уред се расипе, без грижа, ние сме тука за вас!

Контактирајте не на следниот телефон: 0800 4 44 44 или email адреса: info@fixio.mk и тимот на Fixio ќе се погрижи да ја добиете најдобрата и најбрзата професионална поправка.