Зошто е важно да одберете авторизиран сервис за поравка на вашите уреди?

Што добивате со одбирање на авторизиран сервис?
Гарантиран квалитет од страна на производителот - Авторизираниот сервис ви гарантира квалитет и стручност кои се резултат од строгото следење на правилата и процедурите на работење, наметнати од производителот. Сервисниот центар FIXIO е под континуиран мониторинг и контрола од страна на сите производители со кои имаме склучено договор за авторизација. Техничките лица кои се одговорни за сервисирање на одредените уреди, подлежат на постојани обуки, едукација и проверка на нивното знаење од страна на производителот, со цел секогаш да бидат запознаени со работењето на уредите, сите новитети и правила на работа и поправка кои гарантираат на корисниците квалитетно и навремено сервисирање.
Почитување поволностите на гаранцијата - Сервисирањето на уред под гаранција во авторизиран сервисен центар им гарантира на корисниците почитување и задржување на сите поволности кои ги обезбедува производителот во доставениот гарантен рок. Во исто време, според гарантните услови на производителот, поправката и сервисирањето на уред кој е под гаранција, во неавторизиран сервис или од неавторизирано лице води до отказ на гарантното сервисирање (бесплатна поправка).
Оригинални резервни делови - Авторизираниот сервис работи со оригинални резервни делови, доставени или купени од производителот на уредите за чие сервисирање имаме потпишан договор за авторизација. Оригинални делови се обезбедуваат само и единствено на сервисен центар кој е авторизиран за поправка на соодветниот уред.
Со долгогодишно искуство во поправка и одржување на различни информатички и телекомуникациски уреди, Сервисниот центар FIXIO е авторизиран сервис за поправка на следните производи:• Motorola смартфони
• Dell (Consumer and Business Client parts) - десктопи, лаптопи, монитори, аксесоари
• Dell (Enterprise and storage parts) - Power Edge Server, Storage, Data Domain, Networking, Azure Stack Hub, Power Store, Power Scale, VxRail, Modular Infrastructure, Unity
• Lenovo преносни комјутери (Ideapad & Thinkpads), десктопи (Ideacentre & Thinkcentre), таблети (Smart Devices), монитори, работни станции, Infrastructure Solutions Group (ISG - enterprise equipment)
• Lexmark производи (А3, А4 и матрични печатари)
• Xerox (А3 и А4 печатари и скенери)
• Acronis - Tier 1 ниво на поддршка за софтверски лиценци за бекап и заштита на физичка и виртуелна околина
• NJOY UPS и напојувања
Со Fixio секогаш можете да бидете сигурни дека вашата опрема се третира правилно од најквалификуваните специјалисти во индустријата. Контактирајте не на следниот телефон: 0800 4 44 44 или email адреса: info@fixio.mk и тимот на Fixio ќе се погрижи да ја добиете најдобрата и најбрзата професионална поправка.